24фудбал

Гробари проговорија за инцидентите, српските медиуми објавија колку биле платени хрватските кик-боксери

Инцидентите на вечното дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда се во фокусот на вниманието на целиот регион.

Останато

Навивачката група на белградски Партизан, „Гробари“ ја изнесоа во јавноста својата приказна во однос на настаните кои се случија на мечот во Белград.

Беше нападнат Југот, не само подгрупата Алкатраз, туку и останатите, од страна на домашни предавници и хрватски платеници. Приказните за тоа дека сепочнало со палење на знамето на Јанг Бојс и Вандал Бојс се неточни, знамињата стоеа онаму каде што и останаа и не беа запалени“ велат од навивачката група.

Таа приказна дека се запалени тие знамиња е лажна и служеше само за параван за напад и криминални и политички игри. Ова беа Хрвати кои беа платени да дојдат на Југот и да ја нападнат трибината, како и Гробарите“ додаваат од таму.

Од друга страна пак одредени медиуми објавија колку биле платени хрватските кик-боксери за предизвикување на хаосот на вечното фудбалско дерби во Хрватска.

Според неофицијалните информации кои кружат низ српските медиуми се зборува за одредена сума од околу 10,000 евра, онолку колку што добил секој хрватски државјанин за да предизвика такви нереди, но не е познато од кого.