24фудбал

Манчестер јунајтед во јануари ќе пазари во Челси?

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо во нотесот внесе Бразилец од редовите на англискиот првак.

Англија

Според информациите кои ги пренесува „Дејли Мејл“, се вели дека Манчестер јунајтед пријавил сериозна заинтересираност да во своите редови се засили со Вилијан, и тоа уште во јануарскиот преоден рок.

Се шпекулира дека Бразилецот не е среќен во тимот од „Стемфорд Бриџ“ каде ја загуби улогата на стартер под кормилото на италијанскиот стратег Антонио Конте.

Како и да е, Вилијан говорејќи за својата иднина ги демантираше шпекулациите, истакна дека е среќен во Челси и дека би сакал да остане, па останува дилемата колку оваа опција е остварлива за Манчестер јунајтед.