24фудбал

Лидс: Постои ѕвезда која игра на десната страна, неговото име е... (ФОТО)

Македонецот е ѕвезда во славниот англиски клуб.

Македонија

Нашиот 25 годишен репрезентативец и член на Чемпионшиплигашот Лидс, Езгјан Алиоски игра во фантастична форма изминатиов период, се надмина себе си со одлични изданија, а добива од сите страни пофалби по одличната адаптација во Англија.

Постои ѕвезда која игра на десната страна, неговото име е Алиоски...“ напиша англискиот клуб на социјалните мрежи пренесувајќи фотографија од тренингот на тимот каде во фокусот е токму популарниот „Џани“.


Нашиот интернационалец со 5 погодоци од 19 натпревари е еден од предводниците на тимот од „Еланд Роуд“ кој има солидни резултати изминатиов период што и натаму му дава шанси за место меѓу најдобрите шест на табелата, места кои водат во плејоф рундата за пласман во Премиерлигата.