24фудбал

Кан проговори за можноста да се пресели во Манчестер јунајтед: Алекс Фергусон се уште ми е налутен

Легендарниот германски голман ја отфрлил опцијата да премине во Манчестер јунајтед, сакал да мине подолг период во тимот од Минхен.

Германија

Поранешниот германски голман, чувар на мрежата од голот на минхенски Баерн, Оливер Кан важи за еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, тој имал опција да направи трансфер во Манчестер јунајтед, но истата ја отфрлил.

Алекс Фергусон се уште ми е налутен. Тој мислеше дека јас ќе се преселам во Манчестер јунајтед во 2003. или 2004. година, јас повеќе бев заинтересиран да направам една ера во Баерн Минхен“ вели Кан.

Доколку се вратам наназад, можеби требаше да ја прифатам таа понуда, би било навистина интересен предизвик за мене“ додаде Германецот.