24фудбал

Бонучи доби незгодно прашање: Мала си да го разбереш тоа...

Дефанзивецот на Милан гостуваше на божиќната прослава на помладите категории на калчолигашот од Милано.

Италија

Зошто си замина од Јувентус?“ го запраша едно девојче Леонардо Бонучи, кој најпрво се насмеа и рече дека малото девојче е многу мало за да ги разбере тие работи.

Се случија некои работи кои не се за зборување јавно, мала си за да можеш да го разбереш сето тоа. Постоеа работи кои ме натераа мене и клубот да се сложиме околу разделба“ рече Бонучи и додаде дека секогаш се наежува кога некој ќе го праша на таа тема.

Милан ми укажа прилика и ја зграбив со двете раце, вечно ќе му бидам благодарен на овој клуб поради тоа, не размислував ни малку...“ додаде Бонучи.