24фудбал

Крадци украле документи за трансферот на Нејмар во ПСЖ?

Грабеж во домот на тренерот на ПСЖ.

Франција

Стратегот од клупата на француски ПСЖ, Унаи Имери бил мета на крадци во неговиот дом, а од информациите кои пристигнуваат украдени биле два дреса од првата ѕвезда на тимот од Париз, Нејмар, како и документација поврзана со неговиот рекорден трансфер вреден 222 милиони евра.

Полицијата трага по сторителите, а француските медиуми објавија дека куќата во која живее шпанскиот тренер е покриена со видео-надзор, нешто што би им помогнало на тамошните власти.