24фудбал

Урлих во 95. минута одбрани пенал и го сочува водството на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 1-0 победи на гостувањето кај Штутгарт, а најзаслужен за трите бода беше голманот Урлих кој одбрани пенал во 95. минута.

Германија

Баерн Минхен долго се мачеше за да дојде до водство во Штугарт, тоа конечно се случи во 79. минута кога Томас Милер постигна гол.

Пред последниот свиреж на судијата Штутгарт доби пенал, шутираше Аколо, Урлих го одбрани неговиот удар и го сочува водството на Баерн Минхен за нови три бода.

Келн ја забележа првата победа откако го совлада Волфсбург со 1-0, 2-2 одиграа Ајнтрахт и Шалке, со ист резултат заврши и дуелот помеѓу Вердер и Мајнц, најмногу голови имаше на мечот помеѓу Аугстбург и Фрајбург кој заврши 3-3.