24фудбал

Две верзии за начинот на прославата на голот од страна на Де Брујне (ВИДЕО)

Белгиецот на интересен начин, со гестикулација го прослави голот против Тотенхем.

Англија

Кевин Де Брујне со мајсторски гол вчера ја навести или на некој начин потврди победата на Манчестер Сити против Тотенхем зголемувајќи на 2-0, а конечниот епилог гласеше 4-1 за тимот на Гвардиола.

Манчестер Сити го „пецна“ Мурињо, во соблекувалната ечеше: Паркирај го автобусот! (ВИДЕО)

Неколку часа пред стартот на дербито, фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва беше вон протоколот за средбата, и тоа поради приватни причини, засега непознати.

Кејн и Али во немоќ лечеа фрустрации со хорор стартови, настрадаа Стерлинг и Де Брујне (ВИДЕО)

Белгиецот имаше прослава на својот фантастичен погодок која предизвика голема дилема кај фудбалските фанови на социјалните мрежи, едната верзија е тоа дека со бројките „2“ и „1“ што гестикулираше, го испочитувал својот соиграч кој го носи дресот со бројот „21“, други пак велат дека се пошегувал на сметка со Манчестер јунајтед по победата од 1-2 на „Олд Трафорд“ минатото коло.