24фудбал

Дисциплинската комисија при ФФМ и врачи парична казна на Шкендија

Тетовскиот прволигаш олеснет поради начинот на прославата на своите фанови.

Македонија

Прославата на 25 години постоење на навивачката група „Балисти“ не мина според сите прописи за време на големото дерби во Тетово против Ренова, беа користени пиротехнички средства и разни материјали кои не се дозволени.

Со тоа, Дисциплинската комисија при Куќата на фудбалот во нашата земја и врачи парична казна на Шкендија во висина од 750 евра.

Инаку градското дерби го доби токму Шкендија со 3-1, а на трибините имаше речиси 12.000 гледачи.

 

Извор: kfshkendija.com

Фото-вест: KF Shkendija (Facebook)