24фудбал

Меси немаше свој ден против Депортиво, две стативи, една пречка и промашен пенал (ВИДЕО)

Барселона убедливо со 4-0 го совлада тимот на Депортиво Ла Коруња а Меси не даде ниту еден гол, напротив, се изнапромашува.

Шпанија

Депортиво може да е среќен што го напушти Камп Ноу со само четири гола во својата мрежа, можеше да прими најмалку уште толку.

Лионел Меси два пати ја погоди стативата, еднаш пречката, промаши пенал, имаше и уште неколку шутеви кои ги одбрани голманот.

Видео од комплетниот настап на Меси против Депортиво, неговите шанси, додавања, грешки...