24фудбал

Мбапе му се закани на Реал Мадрид

Фудбалерот на ПСЖ смета дека бранителот на европскиот трофеј може да биде елиминиран уште во осминафиналето.

Лига на Шампиони

Четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе биде ослабено за Реал Мадрид или ПСЖ, така посака ждрепката за осминафиналната рунда која ги стави во двобој двата сериозни претенденти за освојување на европската титула.

Фудбалерот кој беше на радарот на бранителот на европскиот трофеј, Килијан Мбапе, за француските медиуми изјави дека ПСЖ има сили да го елиминира Реал Мадрид.

Можеме да го елиминираме Реал Мадрид, тоа ќе биде тежок двомеч, но има доволно време до февруари за добро да се подготвиме. Како и да е, доколку сакаш да го освоиш тоа натпреварување, треба да го победиш најдобриот, а Реал Мадрид е дефинитивно една од тие екипи“ порача Мбапе.