24фудбал

Каква иронија, Баерн го купи Вагнер да биде напаѓач број 2 и му го даде дресот со број 2

„Баварците“ утрово го потврдија првото засилување за зимскиот преоден рок, на Алианц Арена пристигнува напаѓачот на Хофенхајм, Сандро Вагнер

Германија

Зделката која подолго време се најавуваше, денеска се оствари, шампионот на Германија го купи Сандро Вагнер од Хофенхајм.

Баерн Минхен подолго време беше во потрага на нов голгетер, кој ќе биде замена за Роберт Левандовски и ќе овозможи малку одмор за Полјакот.

Изборот падна на Сандро Вагнер, кој потекнува од младинската школа на „Баварците“ но никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим.


И додека сите се навикнати Баерн да ги ангажира најдобрите играчи на ривалите, за фановите беше чуден бројот на дресот кој го доби Германецот.

Тој ќе биде напаѓач број 2 зад Роберт Левандовски, па многумина гледаат иронија во тоа што и на дресот ќе го има бројот 2.

Сандро Вагнер стави потпис со трајносот до 30. јуни 2020, а за неговите услуги, Баерн на Хофенхајм ќе му плати 13 милиони евра.