24фудбал

Тренерот на Баер Леверкузен се посрамоти а потоа се извини: Тоа беше глупаво од моја страна... (ВИДЕО)

Сакаше да исценира исклучување за фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, го понесе срамот од ситуацијата.

Германија

Баер Леверкузен успеа да прогресира во Купот на Германија откако синоќа славеше минимално кај Борусија Менхенгладбах со 0-1.

Во 75. Минута од средбата, дефанзивецот на домаќините, Денис Закарија тргна да ја земе топката за да изведе аут, помина покрај Хајко Херлих, шефот на стручниот штаб на гостите кој падна како покосен по тој „судир“.

Снимките му нанесоа тежок срам на тренерот на Баер Леверкузен...

Тоа беше глупаво од моја страна, би сакал да се извинам во оваа прилика...“ истакна Херлих по мечот.