24фудбал

Нејмар му се закани на Реал Мадрид

Бразилецот вели дека го има рецептот за победа против бранителот на европскиот трофеј.

Лига на Шампиони

Четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе биде ослабено за бранителот на европскиот трофеј Реал Мадрид, како и еден од посериозните претенденти за титулата годинава, ПСЖ, обете екипи ќе се пресметаат уште во осминафиналето од ова натпреварување.

Нејмар кој подолг период се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а изминатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ, вели дека го знае рецептот за победа против шпанскиот тим.

Знаеме дека овој двомеч ќе биде премногу тежок, Реал Мадрид има екипа која долго игра заедно, освоија три титули во Лигата на шампионите заедно, но јас знам како да ги победам. Сакаме да испишеме историја и ќе дадеме сеод себе за да ги победиме“ истакна Бразилецот.