24фудбал

Барса ја зголеми понудата, Ливерпул го омекна ставот, Кутињо ќе стане третиот најскап играч

Според пишувањата на Тајмс, Филипе Кутињо е на чекор до Камп Ноу, Барселона и Ливерпул се на прагот да си подадат рака за трансфер вреден 160 милиони евра

Шпанија

Филипе Кутињо ќе стане третиот најскап фудбалер во историјата, зад Нејмар и Килијан Мбапе.

Денешното издание на Тајмс вели дека Барселона ја зголемила понудата, Ливерпул го омекнал ставот и двата клуба се на прагот да си подадат рака за трансфер вреден 160 милиони евра.

Од оваа сума, 120 милиони се фиксни а 40 милиони евра се во бонуси. Исто така бонусите ќе бидат поврзани со клаузули кои лесно ќе се активираат како број на настапи и трофеи, и нема да има клаузули кои тешко ќе бидат остварливи како на пример Филипе Кутињо да биде финалист во изборот за „Златна Топка“ или пак да ја освои оваа престижна индивидуална награда.

Весникот додава дека „Црвените“ се обиделе да го убедат Филипе Кутињо да остане на Енфилд, му била понудена можност да добие нов побогат договор, но Бразилецот очајно посакува преселба на Камп Ноу.