24фудбал

Тевез ги собра парите од Кина и си се врати во Бока (ФОТО)

По едногодишната авантура во Кина од каде заработи неверојатни 38 милиони евра за една година, Карлос Тевез се врати во Бока Јуниорс.

Јужна Америка

Откако им ги зема парите на Кинезите и беше големо трансфер разочарување таму, Карлос Тевез си се врати во Бока.

Неговиот договор изнесуваше 38 милиони евра годишно, одигра само 16 натпревари за кинескиот клуб и постигна четири гола.

„Тевез се враќа дома! Тој им се приклучи на соиграчите и веќе тренира со нив“, напиша аргентинскиот клуб.