24фудбал

Пато: Милан е мојот дом

Александре Пато вели дека Милан е негов дом и би размислил за враќање на Сан Сиро доколку пристигне понуда од росонерите на негова адреса.

Италија

Бразилецот постигна 63 голови на 150 натпревари за Милан, но се мачеше со повреди поради што замина од Италија.

Се врати во својата татковина, па се проба повторно во Европа, но не му одеше, сега игра во Кина.

„Милан е мојот дом. Тоа беше мојот прв клуб надвор од Бразил, клуб кој ми даде шанса да бидам познат во целиот свет“, вели Пато за „Тутомеркато“.

„Тие ми дадоа шанса да играм во Европа, да освојувам трофеи и да бидам покрај големи фудбалери. Тоа е мојот дом, го сакам Милан“.

„Се радувам кога тие се успешни, се уште имам пријатели таму, имам добри релации со поранешниот претседател Берлускони и Галијани“.

„Се надевам дека Милан повторно ќе биде добар тим“.

„Дали би се вратил еден ден? Сега играм во Кина и среќен сум тука, но кој знае што ќе се случи во иднина? Доколку добијам понуда од Милан би размислил за враќање“.