24фудбал

Болт на проба во Борусија Дортмунд: Доколку ми кажат дека сум добар, ќе тренирам како никогаш досега

Болт конечно добива прилика да покаже и докаже што умее со фудбалската топка.

Германија

Сонот на најбрзиот човек на земјата повеќе пати ја истакнуваше љубовта кон Манчестер јунајтед и сонот барем еден меч да одигра за тој англиски клуб, но по завршувањето на професионалното бавење со атлетика, тој ќе добие пробен тест во германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд.

Во март ќе имам проба во Борусија Дортмунд, потоа ќе биде познато што понатаму со мојата кариера како фудбалер, односно во која насока таа ќе оди. Доколку ми кажат дека сум добар и дека ми е потребно да тренирам, тогаш ќе продолжам. Морам да признаам дека помалку сум нервозен, инаку во пракса не сум, но сега е сосема поинаку, во прашање е фудбалот“ рече Болт кој не ја крие страста која ја има кон овој спорт.

Сонувам да потпишам за Манчестер јунајтед, доколку во Борусија речат дека сум добар, тогаш ќе тренирам како никогаш досега“ додаде 31 годишниот поранешниот атлетичар од Јамајка.