24фудбал

Икарди го однесоа на тајни прегледи со Реал, а тој „глуми“ папараци за својата атрактивна сопруга на Малдивите (ФОТО)

Медиумите од Шпанија утрово најавија трансфер бомба, Реал Мадрид ја активирал откупната клаузула на Мауро Икарди и играчот бил на тајни лекарски прегледи со „Кралевите“, но судејќи според социјалните мрежи нема многу вистина во сето ова

Италија

Напаѓачот на Интер често се поврзува со преселба на Сантијаго Бернабеу како замена за Карим Бензема, кој игра во очајна форма и полека лидерите на Реал го губат трпението со Французинот.

Диарио Гол денеска пренесе дека „Кралевите“ ја активирале откупната клаузула на Мауро Икарди вредна 110 милиони евра и играчот веќе имал тајни лекарски прегледи со Реал.

Но судејќи според социјалните мрежи, нема многу вистина во ваквите стории. Паузата во калчото Аргентинецот ја користи за малку одмор со сопругата, атрактивната Ванда Нара.

Тие најпрво биле во Дубаи а сега одмараат на Малдивите. На една фотографија објавена на Инстаграм, Мауро Икарди „глумеше“ папараци а Ванда Нара позираше во „црно-сино„ бикини.