24фудбал

Пандев едно од најуспешните краткорочни решенија на Мурињо

„Manhester Evening News“ напиша статија за минатите успешни зделки на Жозе Мурињо кои се покажале мошне успешни на краток рок.

Англија

Жозе Мурињо има тешка задача, Манчестер јунајтед тешко му оди во обидите да му парира на неговиот ривал за титулата Манчестер Сити во англиската Премиерлига.

Португалскиот стратег има повеќе опции на трансфер пазарот во Европа кои се уште можат да се исплатат добро и да донесат новитет во тимот од „Олд Трафорд“, пишуваат дел од медиумите на Островот.

„Manhester Evening News“ во својата статија пишуваше за минатите успешни зделки на Жозе Мурињо кои се покажале мошне успешни на краток рок.

Еден од нив е и Горан Пандев кој имаше значителен придонес во освојувањето на тројната круна на Интер.


Јиржи Јарошик, Маниче, Горан Пандев, Емануел Адебајор и Диего Лопез се само дел од оние краткорочни мерки кои тој (Мурињо) не ги искористи, ниту еден од овие фудбалери не би можел да го подобри составот на Манчестер јунајтед во моментов“ пишува претходно наведениот медиум.

 

Извор: manchestereveningnews.co.uk