24фудбал

Сите му посакаа добредојде на Кутињо во соблекувалната на Барселона, но легендата на клубот...

Диарио Гол известува дека Кутињо бил топло пречекан од своите нови соиграчи во соблекувалната, но еден не сакал ниту да се поздрави со него.

Шпанија

Филипе Кутињо наиде на топло добредојде од страна на своите нови соиграчи од Барселона каде за сума од 160 милиони евра направи трансфер од редовите на Ливерпул овој зимски преоден рок.

Сепак, Бразилецот, според информациите на „Диарио Гол“ не бил баш позитивно прифатен од легендата на клубот, Андрес Иниеста, тој наводно не се ни поздравил со новајлијата во тимот.

Доста се пишуваше околу тоа дека во екот на шпекулациите со трансферот на Кутињо постоел бунт во соблекувалната на Барселона кој наводно го предводел Џерард Пике, а како причина за тоа се наведуваше високите примања (14 милиони евра) на Бразилецот, што донело незадоволство во тимот од Камп Ноу.