24фудбал

Шоу на Меси и Алба против Селта, три гола за помалку од половина час (ВИДЕО)

Лео Меси и Жорди Алба ја потопија Селта за помалку од половина час, дуото комбинираше за три гола во реваншот од Купот на Шпанија

Шпанија

Селта се избори за 1-1 во првиот натпревар пред своите фанови, но избраниците на Унзуе доживеаја катастрофа на Камп Ноу.

Барселона вечерва настапи со најсилен состав и тоа резултираше со убедлива предност. Лео Меси и Жорди Алба приредија шоу и комбинираа за три погодока за помалку од половина час игра.

Алба најпрво му асистираше на Меси за 1-0 во 13. минута, а само 120 секунди подоцна, левиот бек го послужи Аргентинецот со нова топка за 2-0.


Во 28. минута од средбата, Лео ја возврати услугата и му асистираше на Алба за 3-0.

За катастрофата на гостите да биде поголема, Суарез во 31. доби на поклон една топка и зголеми на 4-0.