24фудбал

Жесус се налути по прашањето за кавгата помеѓу Дост и Ристовски: Зошто вакви сра*е прашања?! (ВИДЕО)

Стратегот од клупата на португалскиот прволигаш не сака незгодни прашања.

Македонија

Спортинг Лисабон потешко од очекувањата се пласираше во полуфиналето од Купот на Португалија совладувајќи го со 1-2 на гостувањето Кова Пиедаде, а двата гола за победничкиот табор ги постигнаа фудбалери кои влегоа од клупата за резерви.

Ѕвездата на Спортинг Лисабон удри по Македонецот: Дост се испокара со Ристовски (ВИДЕО)

Токму еден од нив, Бас Дост по крајот на средбата се испокара со нашиот Стефан Ристовски а португалските медиуми останаа покуси за деталите од таа расправија.

По мечот, на пресконференцијата за ова беше запрашан и Жорге Жесус, кој немо ја проследи таа расправија откако отиде до нив на теренот, но тој се налути и тоа прашање од новинарите го нарече „сра*е“.

Видеото од пресконференцијата и реакцијата на Жесус – ТУКА.