24фудбал

Мурињо проговори за интересот на Алексис Санчез

Работите се променија, се шпекулира дека Алексис Санчез сега е поблиску до Манчестер јунајтед отколку до Манчестер Сити.

Англија

Последните информации од Англија се дека Манчестер Сити се откажува од трката за Алексис Санчез па Чилеанецот ќе го одбере црвениот дрес на Јунајтед.

Жозе Мурињо одбива да зборува за Алексис Санчез, но меѓуредови најави дека трансферот може да се случи.

„Не знам дали е етички коректно да се зборува за фудбалери на други клубови, доколку некој зборува дека е заинтересиран за моите играчи, јас не би бил многу среќен“, вели Мурињо.

„Санчез е фудбалер на Арсенал, не знам но веројатно овој викенд тој ќе ги брани боите на Арсенал, па мислам дека не е коректно да зборуваме за него“.

„Генерално можам да кажам дека јас и бордот на Манчестер јунајтед не веруваме во јануарскиот преоден рок, не веруваме дека треба да се потпише со некој само колку да се потпише, во она што веруваме е дека има играчи во фудбалот кои доколку имате шанса да ги купите во јануари, март или јули треба да се обидете да го направите тоа. Што се однесува до Санчез нема да кажам ниту збор“.

„Единствено би рекол дека тој е феноменален играч, тој е фудбалер на Арсенал и не би зборувал друго“.