24фудбал

Дортмунд пред гигантите ги краде талентите, гигантите од Дортмунд ги крадат ѕвездите

„Милионерите“ успеаја да ги победат големите Ливерпул и Манчестер јунајтед до потписот на талентираниот дефанзивец Мануел Аканџи, но големи се шансите овој месец да останат без Пјер Емерик Обамејанг

Германија

Борусија Дортмунд продолжува со својата прилика да ги прибира талентираните фудбалери во своите редови.

Ново име на Сигнал Идуна Парк е 22 годишниот Мануел Аканџи од редовите на Базел. За талентираниот дефанзивец постоеше голем интерес, Ливерпул и Манчестер јунајтед сакаа да го купат, но „Милионерите“ ја добија битката.

За репрезентативецот на Швајцарија, кој има потекло од Нигерија, Борусија Дортмунд ќе одвои околу 20 милиони евра.

И додека „Милионерите“ ги крадат талентите пред гигантите, гигантите продолжуваат од Сигнал Идуна Парк да ги крадат ѕвездите.

Во изминативе 24 часа се почесто се говори дека Арсенал се обидува да го купи Пјер Емерик Обамејанг за 60 милиони евра. Габонецот стигна во Дортмунд во 2013 за околу 13 милиони евра.

Во редовите на Дортмунд има уште неколку вакви примери на талентирани играчи за кои само прашање на време е кога ќе ги „зграби“ некој голем гиганти.

Кристијан Пулишиќ е на врвот на листата заедно со Јулијан Вајгл и Александер Исак, како и Махмуд Дахуд и Џејдон Санчо.

Во минатото гигантите тропнаа на вратата на „Милионерите“ за играчи како Нури Шахин, Марио Геце, Шинџи Кагава, Илкај Гундоган, Роберт Левандовски, Матс Хумелс и Хенрик Мхитарјан.