24фудбал

Волкот се поблиску до Евертон, Арсенал добива 20 милиони фунти

Се погласни се најавите дека офанзивецот ќе се пресели на „Гудисон Парк“.

Англија

Нема никакви дилеми во тоа дека 28 годишниот офанзивец на Арсенал, Тео Волкот е на излезна врата од клубот од Лондон.

Волкот очајно бара клуб каде ќе добие солидна минутажа која би му дало место во селекцијата на Англија за настап на Мундијалот во Русија.

Се чини дека Евертон е мошне близу до договор со Арсенал за овој фудбалер, медиумите на Островот пренесуваат дека Топчиите за својот фудбалер ќе добијат 20 милиони фунти како обештетување.