24фудбал

Илхеначо го постигна првиот гол доделен со ВАР-технологијата во англискиот фудбал (ВИДЕО)

Историски гол на фудбалерот на поранешниот шампион во Премиерлигата, Лестер.

Англија

Лестер се помачи за да стигне до четвртата рунда натпревари од англискиот ФА Куп, откако на домашен терен пред своја публика славеше со 2-0 над нисколигашот Флетвуд, претходно во првиот меч двете екипи одиграа меч без голови.

Двата гола за Лестер ги постигна 21 годишниот Нигериец Илхеначо, а еден од нив ќе влезе во историјата на англискиот фудбал како прв кој бил доделен по прегледување на снимките, односно со ВАР-технологијата.