24фудбал

Коментарите на Мхитарјан за Арсенал од пред девет години

Ерменецот се поизвесно е дека ќе го напушти Манчестер јунајтед, а како следна негова дестинација се споменува Арсенал. Тој е опција за трансферот на Санчез на „Олд Трафорд“.

Англија

Сајтот на Европската куќа на фудбалот – УЕФА во 2009. година направи интервју со ерменскиот репрезентативец и тогашен член на Пјуник од Ереван, Хенрих Мхитарјан.

Тој даде мошне интересни коментари за Арсенал, а воедно и ја истакна својата желба еден ден да игра за тој тим.

Мојот омилен тим е Арсенал, ми се допаѓа нивниот офанзивен фудбал и брза игра“ рече Мхитарјан.

Арсен Венгер им дава голема доверба и пред севажност на младите фудбалери, истовремено правејќи одлични резултати. Би сакал да играм за тој клуб еден ден во мојата кариера“ додаде Ерменецот.