24фудбал

Познати казните за хрватските хулигани кои дивееја во Белград

Хрватските хулигани наводно признале вина, ги чека краткорочна затворска казна.

Останато

Шесторица хрватски државјани кои учествуваа во нередите на големото дерби во српскиот фудбал помеѓу Партизан и Црвена Звезда постигнале договор со обвинителството во Белград според кое ќе признаат насилничко однесување во замена за затворска казна до шест месеци, пренесува „Политика“.

Во Србија, за предизвикување на нереди на јавно место и насилничко однесување на спортски настани, највисоката можна затворска казна е 12 години.

Ако се остварат најавите, по отслужената казна затвор, хулиганите ќе бидат протерани од Србија, со забрана за влез во истата земја на три години.