24фудбал

Нејмар со мајсторски гол од слободен удар на кој би се гордеел и Роналдињо, па се глупираше при прославата (ВИДЕО)

Нејмар постигна мајсторски гол од слободен удар, Бразилецот биеше прецизно во аголот и не му даде на голманот на Дижон да мрдне, но во фокусот повеќе е неговата бизарна прослава

Франција

Нејмар имаше ново шоу на „Паркот на Принцовите“, Бразилецот забележа мајсторски гол од слободен удар со кој би се гордеел и неговиот сонародник Роналдињо.

Но колку што беше прекрасен погодокот, толку чудба беше и прославата. Минатата недела Нејмар изненади кога на глава ја стави копачката. Бразилецот продолжи со оваа чудна пракса, но вечерва на главата имаше ракавица.