24фудбал

Спиеш ли мирно Реале? ПСЖ го демолираше Дижон со 8-0 (ВИДЕО)

ПСЖ до врв ја наполни мрежата на Дижон, на Паркот на Принцовите имаше ревија од убави голови во изведба на Ди Марија и Нејмар

Франција

Реал Мадрид ќе треба да ја спасува сезоната со Лигата на шампионите, а таму за противник го има ПСЖ.

„Светците“ делуваат располежни за игра на стартот од 2018 и со леснотија ги „мелат“ противниците.

Вечерва настрада Дижон, на Паркот на Принцовите, ПСЖ ја наполни мрежата на гостите и славеше со 8-0.

Ди Марија беше двоен стрелец, Кавани и Мбапе погодија по еднаш а Нејмар дури четири пати се запиша во листата на стрелците.

За одбележување е водечкиот гол кој беше дело на Ди Марија, како и слободниот удар на Нејмар од првиот дел и соло продорот во второто полувреме кога Бразилецот сам тргна од половина терен против целиот тим на Дижон.