24фудбал

Нејмар ги налути фановите на ПСЖ, ја зема топката да го изведе пеналот, на трибините грмеше од свирежи (ВИДЕО)

Големо негодување од трибините на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Франција

ПСЖ синоќа го декласираше Дижон на домашен терен совладувајќи го со високи и убедливи 8-0, а дури четири погодоци постигна Нејмар.

Нејмар со мајсторски гол од слободен удар на кој би се гордеел и Роналдињо, па се глупираше при прославата (ВИДЕО)

Ди Марија даде гол... па му се извинуваше на Нејмар (ВИДЕО)

Последниот го постигна од пенал, беше сигурен изведувач од белата точка, но на тоа му претходеа свирежи од трибините каде навивачите на ПСЖ беа незадоволни од тоа што не му дозволи на својот соиграч Кавани да го изведе ударот. Се скандираше и „Кавани, Кавани...“.


Доколку Кавани беше тој што го изведува пеналот, а воедно и погодеше, со тоа ќе станеше најдобар стрелец на тимот од Париз во неговата клупска историја.

Бразилецот направи дар-мар: Нејмар тргна сам од половина терен, никој не успеа да го сопре... (ВИДЕО)

Чудна беше и реакцијата на Бразилецот откако погоди, тој за кратко се упати кон фановите, но само за кратко, се предомисли и не го прослави голот онака како што ги прославува своите погодоци.