24фудбал

Симоновски се пресели во Романија

26 годишниот напаѓач Марко Симоновски кој има три настапи за нашата сениорска репрезентација, потпиша за романскиот прволигаш Сепси.

Македонија

Симоновски стана слободен агент на трансфер пазарот овој зимски јануарски преоден рок, откако месецов му истече договорот со фински Лахти каде играше речиси една година, а за таа екипа постигна 13 погодоци на 32 натпревари.

Сепси е претпоследен на табелата во романската Лига 1, па заедно со Симоновски презентираше уште двајца фудбалери, а со тоа најави битка за опстанок во елитното друштво на Романија.