24фудбал

Македонија се искачи три места на ФИФА листата

Ново подобрување на ранкингот на нашата најдобра фудбалска репрезентација на ФИФА листата.

Македонија

ФИФА ги објави новите рангирања на листата а со тоа нашата најдобра фудбалска репрезентација забележа ново искачување на истата, и тоа за три места погоре.

На најновата ранг листа, Македонија се наоѓа на 73 место што воедно е најдобар пласман на нашата селекција по пауза од неколку години.

Во среда, нашата селекција ќе ги дознае противниците за новоформираната Лига на нации, преку која ни се отвора можност за пласман на Европското првенство во 2020. година кое ќе се одржи низ Европа.