24фудбал

Хајнкес објасни зошто никогаш не би ангажирал фудбалери од типот на Обамејанг или Дембеле

Искусниот стратег од клупата на Баерн Минхен критички настроен за тоа што се случуваше со Дембеле, и се случува со Обамејанг.

Германија

Осман Дембеле си замина од Борусија Дортмунд по потешкиот начин, а се чини дека тоа ќе се оствари и со Пјер-Емерик Обамејанг.

Јуп Хејнкес, објасни зошто не би ангажирал фудбалери како нив, за кои има критичко мислење за нивниот однос тие ситуации кога сакаа да си заминат од клубот, или сакаат да си заминат, како Обамејанг во моментов.

Многу критички сум настроен за тоа што се случи или случува со Осман Дембеле и Пјер-Емерик Обамејанг“ рече Хајнкес.

Клубовите кои ангажираат такви фудбалери треба да се плашат од тоа што ќе се случува во иднина, тие (Обамејанг и Дембеле) можат истото и нив да им го направат“ додаде тој.

Би одбил да ангажирам фудбалери како нив, фудбалот е тимски спорт, не можете да бидете себични и да ги почитувате само сопствените голови и успеси, имате и обврска да мислите и на фановите“ заклучи искусниот тренер.