24фудбал

Хамес и Руди се „судрија“ на тренингот на Баерн Минхен

Искри во редовите на германскиот првак.

Германија

Германските медиуми пренесуваат дека имало искри на тренингот на Баерн Минхен, за што сведочат и фотографиите кои пристигнуваат од таму.

Хамес Родригес и Себастијан Руди за малку ќе имале и физичка пресметка, но за воведот во овој настан засега нема информации.

Ситуацијата за среќа на бундеслигашот не ескалирала, а тренерот Јуп Хајнкес интервенирал и двајцата да си подадат рака по ова.