24фудбал

Затоа европските гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис: Мајсторијата на Бејли во убедливата победа на Баер Леверкузен... (ВИДЕО)

Бундеслигашот од Леверкузен сигурно добро ќе заработи од евентуална продажба на големиот фудбалски талент кој денес постигна, ни помалку, ни повеќе, туку гол со пета.

Германија

Леон Бејли, 20 годишниот фудбалер на германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен постигна прекрасен погодок во денешната победа на својот тим.

Баер славеше со високи и убедливи 1-4 на гостувањето кај Хофенхајм, а интернационалецот од Јамајка во првото полувреме донесе почетно водство за својот тим, тоа го направи на преубав можен начин...

Ќе додадеме и дека голем број европски гиганти се во трката за потписот на големиот фудбалски талент, едни од нив кои стојат во редот се Премиерлигашите Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед.