24фудбал

Зошто Арсенал и Манчестер јунајтед се уште ги немаат соопштено трансферите на Санчез односно Мики?

Се е договорено за голема трампа во која Алексис Санчез ќе се пресели на Олд Трафорд а во спротивен правец ќе замине Хенрих Мхитарјан, но зделката се одолговлекува поради бирократски причини

Англија

По долги преговори, двата клуба си подадоа рака, Алексис Санчез и Хенрих Мхитарјан веќе ги завршија редовните лекарски прегледи и се очекуваше утрово да пристигне и потврада. 

Но официјално соопштение се уште не е пристигнато и според медиумите од „Островото“ причина за ова е бирократијата.

Чилеанецот и Ерменецот треба да ги обноват работните визи, но со оглед на тоа дека се фудбалски ѕвезди, процедурата ќе биде експедитивна и се очекува во следните неколку часа да пристигне информација за комплетирање на големата трампа.