24фудбал

Алвеш можеше да помине само со жолт картон, но го „предомисли“ судијата да му покаже црвен (ВИДЕО)

Бурна реакција на Бразилецот во една ситуација од дербито во Франција.

Франција

Олимпик Лион му нанесе пораз на ПСЖ во редовното коло од француската Лига 1 изминатиот викенд откако славеше со 2-1 на домашен терен.

Головите од дербито во Франција беа фудбалски мајстории, а на истиот Бразилецот Дани Алвеш заработи директен црвен картон во 57. минута.

Бразилецот направи прекршок над НДомбеле во една изгледна прилика по која можеше да се загрози голот на гостите, главниот арбитар на мечот Клемен Турпин најпрво го извади жолтиот картон, а потоа се предомисли веднаш и го испрати Алвеш предвреме во соблекувалната.

Причината е сосема јасна, откако судијата досуди прекршок, Алвеш реагираше бурно, со сиот свој глас му се раздере во лице, а многумина претпоставуваат и дека употребил погрдни зборови кон него...