24фудбал

Сери интересен за Манчестер јунајтед, но и за нивниот градски ривал

Беше на чекор до Барселона, сега е можно да се пресели во англиската Премиерлига.

Франција

Фудбалерот за врска на францускиот прволигаш Ница, 26 годишниот Жан Мишел Сери подолг период се поврзува со трансфер во поголемите европски гиганти, но до тоа никако да дојде.

По Алексис Санчез, се чини дека тимот од „Олд Трафорд“ нема да застане со тој трансфер, па токму Сери се споменува како опција која е актуелна за Манчестер јунајтед.

Сепак, Манчестер Сити е конкуренцијата на својот градски ривал за потписот на Сери кој има важечки договор со Ница до 2019. година, „ЛЕкип“ пренесува дека Манчестер Сити е подготвен да издвои 40 милиони евра за Сери, но нема одлучено дали тоа да го направи овој преоден рок, или идниот.

Ница за ослободување на услугите од интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска има повисоки барања од тоа што гигантите го нудат, познато е дека Барселона се откажа од трката за Сери минатиот преоден рок поради тоа што Ница барала многу повеќе од првично договорените 40 милиони евра (колку што изнесуваше неговата откупна клаузула), иако личните услови со фудбалерот веќе биде договорени.

Се шпекулираше дека наводно истекол рокот на откупната клаузула, по што Ница беше ослободена од почитување на истата.

Ќе дополниме и дека францускиот клуб пред само две години, направи одлична зделка за Сери кој го доведе во своите редови за скромни 2 милиони евра од португалска Пакош Фереира.