24фудбал

Судијата му честиташе на Кавани за рекордот па му покажа жолт картон (ФОТО И ВИДЕО)

Единсон Кавани го собори рекордот на Златан Ибрахимовиќ и стана прв стрелец во историјата на ПСЖ откако погоди на дуелот со Монпеље, за ова тој доби честитки дури и од главниот судија

Франција

На Паркот на Принцовите се случи моментот кој фановите го бараа уште во минатото коло.

Единсон Кавани во 11. минута од денешниот дуел со Монпеље ја затресе мрежата на противникот и го забележа погодокот број 157 во дресот на ПСЖ со што го надмина рекордот на Златан Ибрахимовиќ и стана прв стрелец во историјата на „Светците“.


За ова достигнување тој доби честитки и од главниот судија кој откако се ракуваше со Уругваецот му покажа жолт картон бидејќи голгетерот малку претера со прославата и го соблече дресот.