24фудбал

Интересна ситуација: Кавани му ја даде топката на Нејмар за пеналот да го изведе а потоа прв му честиташе за голот (ВИДЕО)

Се чини дека односот помеѓу Нејмар и Кавани не е онаков каков што се претставува низ медиумите, а тие обајцата говорат на теренот за тоа.

Франција

ПСЖ дојде до нова победа во францускиот шампионат откако со 4-0 на домашен терен беше подобар од Монпеље.

Кавани беше еден од стрелците и со тоа стана рекордер по бројот на погодоци во тимот од Париз, а доста интересни се ситуациите кога ПСЖ ќе добие пенал, сите очи се вперени токму кон него и Нејмар.

Овој пат Кавани беше тој што му ја даде топката на Нејмар да го изведе ударот од белата точка, Бразилецот беше прецизен и токму од Кавани ги доби првите честитки за погодокот.