24фудбал

ПСЖ го обвини Реал за „валкани“ игри и категорично им порача: Нема шанси да го добиете Нејмар!

Првиот човек на „Светците“, Насер Ал Келаифи се огласи по големиот број на шпекулации за трансфер на Нејмар во Реал, вели дека ова е само обид на „Кралевите“ да ги дестабилизираат пред дуелот во ЛШ

Франција

Бразилецот изминатово лето се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра, но речиси од првиот месец се пишува дека Нејмар жали за овој трансфер, не е среќен во престолнината на Франција и сака што поскоро да замине.

Реал Мадрид се посочува како иднината дестинација на напаѓачот, но првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи вели дека нема шанси за една ваква зделка по крајот на сезоната.

По денешната победа над Монпеље, првиот човек на „Светците“ рече: „Кога читам дека Нејмар не е среќен, се смеам. Тоа не е вистина. Нејмар е многу среќен тука, секој може да погледне колку тој е среќен на теренот. Нели гледате колку е среќен кога постигнува голови?.

„Потпиша на пет години со нас и има да одработи уште четири ипол години. Мислам дека не сака да замине, ниту пак размислува за промена на средината.

„Имаме голем меч на 14. февруари и веројатно ова е тактика на противникот да не дестабилизира, но ние ќе бидеме фокусирани на двата дуели со Реал во Лигата на шампионите.

„Нема шанси Нејмар да се пресели во Мадрид по крајот на сезоната, 2000% останува тука.