24фудбал

Бен Арфа: Минувам низ тежок период во ПСЖ, имам чувство како да не постојам

Голема разочараност кај Бен Арфа од односот на ПСЖ кон него.

Франција

Ланската сезона беше одличен во најпријатното изненадување во францускиот шампионат, тимот на Ница, но, по преселбата во ПСЖ, Хатем Бен Арфа не одигра ниту еден натпревар.

30 годишниот офанзивец вели дека има чувство како да не постои, а додава дека минува низ еден тежок период во тимот од Париз.

Тоа низ што минувам во ПСЖ е премногу комплицирано, имам чувство како да не постојам“ вели Бен Арфа кој не само што се најде во резервниот тим на ПСЖ, туку тренираше и со младинскиот состав, а неговиот адвокат пред само неколку месеци поднесе тужба против клубот.