24фудбал

Нејмар по неспортскиот потег: Фудбалот некогаш е досаден, зошто да не се шалам и со противниците! (ВИДЕО)

Нејмар синоќа направи потег кој стана хит на социјалните мрежи, многумина го осудија бразилецот кој најпрво му подаде рака на противникот да стане, а потоа ја тргна.

Франција

Нејмар направи финта како мало дете, но според многумина тоа е навреда за соиграчот, непочитување и неспортски потег на Бразилецот.

„Јас играм фудбал а соиграчите често ме провоцираат. На крајот на дуелот малку се нашалив, знам дека ќе има полемики, но јас секогаш се смеам и шалам со пријателите, па зашто да не го направам тоа малку и со противниците?“, изјави Нејмар.

„Сега некои ќе водат хајка по мене, и затоа велам дека фудбалот понекогаш е досаден“.