24фудбал

Писмото на Обамејанг до Борусија Дортмунд и фановите на тој тим: Правев грешки, но никогаш со злобни намери

Габонскиот напаѓач се одјави од германскиот бундеслигаш и се пресели во Арсенал.

Германија

Подолг период медиумите во Германија и Англија се занимаваа со Пјер-Емерик Обамејанг најавувајќи каде ќе се пресели, на крајот тој потпиша за Арсенал, а притоа не заборави да се одјави од клубот каде мина четири ипол сезони на убав начин.

Прво, би сакал да се извинам на сите за тоа што се случуваше минатиот месец. Сакав да си заминам уште ланското лето, но тоа не успеа, сега мораше да биде. Можеби, ова не беше најдобриот начин кој го одбрав, но сите знаат дека Ауба е луд, и да, јас сум лудо дете, хахаха!“ рече Обамејанг.

Направив грешки, но никогаш со злобни намери. Никогаш нема да ги заборавам овие четири ипол години во Борусија Дортмунд, вие ми дадовте пат по кој одев и растев како фудбалер на нивото на кое што сум сега. Благодарам на целото семејство во клубот, фановите, управата, стручниот штаб и секако моите колеги од тимот. Вашиот Ауба1“ додаде тој.