24фудбал

Келн падна кога не смееше, Ширле стрелаше за победа по една неверојатна контра (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со триумф од гостувањето кај Келн.

Германија

Челси не успеа да постигне гол во 90 минути игра против Борнмут на домашен терен, а прими три во својата мрежа, Мичи Батшуаи уште на дебито за Борусија Дортмунд погоди два пати во мрежата од голот на Келн.

Борусија Дортмунд со победа од 2-3 се враќа од гостувањето кај Келн, а гостите први дојдоа до водство токму преку Батшуаи. Израмни Ѕолер, но по две минути белгискиот напаѓач повторно погоди, овој пат за 1-2.

Келн се врати во игра со голот на Мере, но Ширле по една неверојатна контра на гостите ги постави конечните 2-3 од оваа средба.