24фудбал

Транспарентот на Олд Трафорд за Санчез кој „издржа“ едно полувреме (ФОТО)

Фановите на Манчестер јунајтед на посебен начин го поздравија Чилеанецот.

Англија

Алексис Санчез денес го постигна дебитантскиот гол во дресот на Манчестер јунајтед, и тоа против Хадерсфилд во победата на Црвените Ѓаволи со 2-0.

На дел од трибинскиот простор од Олд Трафорд беше истакнат транспарент посветен на Чилеанецот, како „добредојде“, а на истиот пишуваше следново...

Добредојде во Манчестер, Алексис, Атом и Хамбер“, гласеше пораката, а истиот беше тргнат од стјуардите пред стартот на второто полувреме од мечот.