24фудбал

Рамос со замерка до Марсело убаво ја опиша играта на Реал: Не може вака, никој не сака...

„Кралевите“ изминатиов викенд одново кикснаа, Реал Мадрид испушти победа на гостувањето кај Леванте, Пацини со гол во 89. минута му откина два бода на фаворитот

Шпанија

Избраниците на Зинедин Зидан играат очајно, ја имаат најлошата сезона во последните неколку години. Изминатиов викенд забележаа нов кикс и одиграа само 2-2 на гостувањето кај Леванте.

Домаќините го шокираа фаворитот во самиот финиш, Пацини погоди за 2-2 во 89. минута. По овој гол, камерите уловија еден разговор помеѓу капитените Рамос и Марсело, кој убаво ја опишува играта на Реал.

„Не може вака. Водиме 2-1, ова не може да се случи. Никој не сака да постави нога. Марсело, премногу сме статични“ - му дофрли Рамос на својот колега од одбраната.