24фудбал

Дани Алвес се проба и како голман (ВИДЕО)

ПСЖ со убедливи 4-1 го победи Сошо на негов терен во рамките на Купот на Франција и обезбеди пласман во четвртфиналето, а во последните минути од овој меч Дани Алвес принудно ја доби функцијата на голман.

Франција

Ди Марија со хет-трик беше херојот на ПСЖ, еден од погодоците постигна Кавани. Но интересни беа последните минути од мечот, во самиот финиш голманот Трап заработи црвен картон, а гостите веќе имаа направено три измени, па Дани Алвес застана на голот.